Линкови за пристапност

Владата избегна затворање; нова битка на повидок


Владата избегна затворање; нова битка на повидок
Владата избегна затворање; нова битка на повидок

Американскиот претседател Барак Обама се подготвува да ги изнесе новите планови за намалување на федералниот дефицит неделава, делумно барајќи намалувања во владините медицински програми за постарите и сиромашните.

Советникот на претседателот Дејвид Плауф, зборувајќи во неделата на телевизија, не понуди детали за планот на Обама. Но, тој рече дека претседателот ќе поддржи зголемување на даноците за Американците со повисоки приходи како и намалување на во програмите финансирани од владата Medicare и Medicaid.

Обраќањето на претседателот, закажано за среда, доаѓа по надминувањето на жестоката конфронтација на демократите и републиканците за годинешниов буџет доаѓајќи до спогодба во последен момент во петок навечер со што се избегна затворањето на федералната влада. Конгресните службеници се очекува да ги комплетираат деталите на тој договор рано неделава што ќе ја финансира владата до септември.

Често-жолчната расправа што доведе до петочниот договор кој резултираше во десетици милијарди долари скратувања на трошоците во однос на сегашните нивоа, се смета за увертира во дискусијата за националниот долг што се мери во трилиони долари.

Плауф, зборувајќи во недела за телевизијата ABC кажа дека определбата на претседателот за скратување на трошоците во буџетот останува цврста. Но тој исто така кажа дека администрацијата сака да биде сигурна оти скратувањата нема да наштетат на финансирањето на образованието, инвестициите во инфраструктурата или финансирањето на истражувањата и на развојот.

Претстојната конгресна битка се очекува да се развие по партиска линија, со републиканците кои главно бараат скратувања во социјалните програми, додека се редуцираат корпоративните даноци и даноците на приход оставајќи ги во голема мерка непроменети.

Демократите ветуваат борба за заштита на најголемите социјални трошоци и зголемување на даноците на приход за богатите Американци.

Двете партии тврдат дека нивните конкурентни планови ќе го намалат дефицитот, а во исто време ќе иницираат долгорочен економски развој.

XS
SM
MD
LG