Претседателот зборуваше по средбата во Белата куќа што заврши доцна во ноќта, со спикерот на Претставничкиот дом Џон Бенер, републиканец, и лидерот на сенатското малцинство Хари Рид, демократ.
Рид по средбата на новинарите им кажа дека нивните тимови ќе продолжат да работат преку ноќта за да дојдат до некаков договор. Тој кажа, ако нема напредок до четврток наутро „повторно ќе се вратиме на тоа“.
Бенер кажа дека верува оти е направен одреден напредок, но нагласи дека не е постигнат договор. Тој рече дека „никој не сака затворање на владата“.
Ако не се постигне договор за буџетот, владата ќе нема средства да биде финансирана по петок и ќе мора да биде затворена.