Линкови за пристапност

Разговорите за буџетот продолжуваат, можното затворање на владата се приближува


Разговорите за буџетот продолжуваат, можното затворање на владата се приближува
Разговорите за буџетот продолжуваат, можното затворање на владата се приближува

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да ги повика главните конгресни лидери назад во Белата куќа и во среда, на втор ден разговори за постигнување договор за буџетот 2011.

Претседателот во вторник се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Џон Бенер и лидерот на малцинството Хари Рид на околу 90 минути. Потоа тој на новинарите им кажа дека „нема оправдување“ ако републиканците и демократите не успеат да дојдат до компромис по барањата за буџетот. Ако не се договорат до крајот на неделата по буџетот, може да дојде до затворање на владата.

По средбата во Белата куќа, Бенер и Рид се сретнаа повторно, приватно, во американскиот Капитол, во обид да направат план што може да добие доволно гласови за да биде одобрен од Конгресот.

Американската влада оперира на серија документи дизајнирани да спречат застој во функционирањето, од октомври наваму.

Ако не се постигне договор неделава, владините агенции ќе немаат финансирање по петок, и многу услужни дејности што не се сметаат за неопходни ќе бидат прекинати почнувајќи во сабота.

XS
SM
MD
LG