Лидерот на мнозинството на Сенатот Хари Рид, демократ, и спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер, се меѓу поканетите на разговорот за можен компромис по значителните намалувања на трошоците.
Владата оперира на серија привремени резолуции за трошоците откако почна фискалната година на 1-ви октомври бидејќи Конгресот не успеа да постигне согласност за буџетот.
Сегашниот привремен договор истекува во петок. Републиканците кажаа дека нема да се согласат на натамошни продолжувања.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека претседателот „јасно стави на знаење дека сите ја разбираме потребата за намалување на трошоците“. Тој рече дека Обама „останува уверен“ дека компромис може да биде постигнат.
Во меѓувреме, американскиот Секретар за финансии Тимоти Гајтнер на Конгресот му кажа дека државата ќе го достигне лимитот на долгот од 14.3 трилиони до 16 мај.
Гајтнер напиша писмо до Претставничкиот дом и Сенатот дека САД имаат малку опции да го избегнат пробивањето на тој лимит. Конгресот може да ја крене границата на долгот како што има направено во минатото.
Плафонот на долгот е легална граница за сумата пари што САД можат да позајмат за плаќање на тоа што го должат на носителите на обврзници и на други.