Линкови за пристапност

Буџетот за привремено финансирање на владата мина во Претставничкиот дом


Буџетот за привремено финансирање на владата мина во Претставничкиот дом
Буџетот за привремено финансирање на владата мина во Претставничкиот дом

Американскиот Претставнички дом го усвои актот за финансирање на владата за уште три недели, во напор да се спречи затворање на владата во петок, на полноќ. Но, 54 републикански законодавци гласаа против документот подготвен од нивното раководство, испраќајќи јасна порака дека се уморни од привремени мерки за финансирање на владата.

Гласањето беше 271 во корист на мерката и 158 против привремениот буџетски документ, кој воспоставува шест милијарди долари во скратувања на трошоците за владини програми надвор од одбраната, во текот на наредните три недели.

Демократите и републиканците од законодавното тело се во епска битка последниве месеци околу владините трошоци, несогласувајќи се за тоа кои домашни програми може да бидат скратени и за колку. Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом преферира поголеми скратувања отколку демократскиот претседател Барак Обама и Сенатот, што е под контрола на демократите.

Гласањето од вторникот беше шесто по ред кога Претставничкиот дом усвојува привремена мерка за трошоците на владата за фискалната година 2011-ва. Минатиот месец Претставничкиот дом усвои мерка што крати 60 милијарди долари од владиниот буџет за актуелната фискална година, но мерката беше поразена во Сенатот.

Се` поголем број републиканци од Претставничкиот дом, особено оние поддржани од конзервативното движење „Ти парти“, повикуваат на уште подрастични скратувања и крај на привремените буџетски мерки.

Сега сите очи се свртени кон Сенатот, каде до петок треба да се знае дали истата мерка ќе биде усвоена за да се одржи функционирањето на владата, барем до нејзиното истекување, на 8 април.

XS
SM
MD
LG