Обама го испратил неговиот неговиот буџетски план до Конгресот во понеделник, додека САД се соочуваат со рекорден дефицит од повеќе од 1,6 трилиони долари.
Обама во говор во училиште во сојузната држава Мериленд кажа дека неговиот буџет од 3,5 трилиони долари е на патот на остварување на неговото ветување од време на кампањата за претседател, дека до крајот на неговиот прв мандат (2013) ќе го намали дефицитот на половина. Тој рече дека предлогот вклучува намалување на програми што нему многу му значат, исто како и „есенцијални“ инвестиции во иновација, образование, брза железница и брз интернет.
Републиканците сакаат домашните трошоци да бидат на ниво од 2008, годината пред Обама да дојде на власт, и побараа големи скратувања во многу области, вклучувајќи во заштита на животната средина, медицински истражувања и обезбедувањето на американските граници.
Републиканците го контролираат Претставничкиот дом, а демократите на Обама се` уште го контролираат Сенатот, што е основа да се верува дека ќе има голема партиска битка во врска со федералните трошоци.
Предложените намалувања во буџетот на претседателот Обама се повеќе од двојно намалување на 400 милијарди долари во скратувања на програми што претседателот ги претстави во неговото минатомесечно обраќање до нацијата.
Претседателот исто така сака да го зголеми приходот со намалување на даночните олеснувања за најбогатите Американци. Во саботата Обама кажа дека буџетскиот план бара од федералната влада да живее во рамки на своите можности.
Федералната влада во моментов оперира на мерка за привремено финансирање чие важење престанува на почетокот на следниот месец, зашто Конгресот се` уште не го одобрил буџетот за фискалната 2011 година.