Претставници на администрацијата во недела кажаа дека буџетот од 3,5 трилиони што ќе биде испратен до Конгресот ќе го преполови дефицитот до крајот на првиот мандат на Обама во 2013.
Предложените намалувања во буџетот се повеќе од дупло од 400-те милијарди долари кратења во не-есенцијални програми што претседателот ги откри во обраќањето од минатиот месец кога пред нацијата зборуваше за состојбата во која се наоѓа нацијата.
Уште пред објавувањето републиканците веќе го критикуваат буџетот, зашто правел многу малку за намалување на дефицитот што е проектиран да стигне до 1,5 трилиони годинава.