Покренати обвиненија против две нови лица, соопшти канцеларијата на обвинителството.
Двајцата се идентификуваните како Смаил и Ибрахим Ф. и се товарат за поврзаност со изнајмувањето стан кој што можеби бил користен како прибежиште за еден од белгиските бомбаши.
Во нападите беа вклучени бомбаши-самоубијци на аеродромот во Брисел и на метро станица.
Полицијата досега уапси шест други лица, вклулувајќи го и Мохамед Абрини, кој беше регистиран на безбедносна камера на аеродромот заедно со уште двајцата бомбаши-самоубијци.
Абрини е поврзан со терористичките напади во ноември во Париз, во кои загинаа 130 луѓе. Белгиското јавно обвинителство обелодени дека тие планирале повторно да извршат напад во Франција , но одлучиле да извршат брз набрзина испланиран напад во Брисел откако беше уапсен главниот осомничен во Париз Салех Абделслам.