Федералните власти на Брисел во понеделник соопштија дека три лица се обвинети за инволвираност во терористичка група. Апсењата уследија по минатонеделните бомбашки напади во белгискиот главен град, во кои загинаа најмалку 35 лица меѓу кои и четворица Американци.
Според соопштението било уапсено и четврто лице, но ослободено во неделата.
Обвинетите се идентификувани како Јасин А, Мохамед Б и Абубакер О. Други детали не се објавени и не е јасно дали осомничените се вклучени во минатонеделните напади.
Во неделата, белгиската полиција за смирување нереди опремена со водени топови влезе во формација, во толпа на скалите додека граѓани на Брисел ја следеа операцијата со радосни извици. Десничарските активисти што некои локалци ги нарекуваат фашисти, дошле на меморијал на оние кои загинале во нападите, извикувајќи анти-имигрантски слогани изведувајќи нацистички отпоздравувања.
„Секогаш кога има нешто позитивно, тие доаѓаат да го претворат во нешто ужасно“ изјави Моник Старк, белгиска домаќинка, која побрза да се повлече откако на собирот на плоштадот почнаа нереди.
Американскиот претседател Барак Обама изрази сочувство во неделата преку телефон на родителите на Џастин и Стефани Шултс, млада американска двојка која загина во нападот. Подоцна истиот ден американскиот Стејт департмент ја потврди смртта, но не ги идентификува, уште двајца американски државјани убиени во нападите.