Најмалку 12 лица загинале во еден од најкатастрофалните пожари во резуденцијален дел на Њујорк, последниве децении.
Градоначалникот Бил де Бласио изјави дека меѓу загинатите имало и едногодишно дете.
„Вечерва во Бронкс има семејства кои се распаднати. Ова е најлошата трагедија од пожар што го зафатила овој град изминативе 25 години, според информациите што ги имаме“, истакна Де Бласио.
Пожарникарите, сепак успеале да спасат многу луѓе од зградите.
Се` уште не е позната причината за пожарот, којшто избувна во непосредна близина на светски познатата Зоолошка градина Бронкс.
Ова е најлошата трагедија од пожар во резиденцијален дел на градот изминативе 25 години
Facebook Forum