Линкови за пристапност

Со зелка, карфиол и брокола против радијацијата


Истражување на Универзитетот Џорџтаун - состојка од крстоцветен зеленчук заштитила глувци од смртоносни дози на зрачење.

Порција зеленчук како заштита од радијација - ова е сознанието до кое дојдоа научниците од Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Тие користеле состојка од крстоцветен зеленчук како зелката, карфиолот и броколата, за да заштитат лабораториски глувци од смртоносни дози на зрачење.

Истражувањето покажало дека состојката, позната под кратенката ДИМ, помага во намалувањето на ризикот од рак. Трудот, објавен во Журналот на Националната акдемија на науки, наведува дека таа може да помогне и да се спречи слабоста и мачнината при терапијата со радијација кај болните од рак.

Откако ги озрачиле глувците со смртоносна доза на радијација, истражувачите на извесен број на животни во рок од две недели им давале инјекции со ДИМ. Сите глувци кои не ја примале терапијата починале, но повеќе од половина од оние кои ја примиле - останале во живот, и по еден месец од експериментот, а кај нив е забележано и помало снижување на бројот на крвни зрнца и тромбоциити. Снижувањето е честа нус-појава на терапијата против рак во која се користи зрачење.

Професорот по онкологија Елиот Росен, кој е еден од истражувачите, смета дека резултатите покажуваат две потенцијални употреби на состојката ДИМ: заштита на здравите ткива кај пациентите со рак, како и заштита на луѓето од смртоносни дози на радијација во случај на нуклеарна катастрофа.
XS
SM
MD
LG