Линкови за пристапност

Бројни ракетни напади врз цивилна инфраструктура во текот на ноќта, рече Украина


Во нападите загинале најмногу две лица, а десетина други биле повредени, соопштија украинските власти
Во нападите загинале најмногу две лица, а десетина други биле повредени, соопштија украинските власти

Украинските власти соопштија денес руските сили извршиле воздушни напади врз повеќе градови во текот на ноќта, при што загинале најмалку две лица.

Украинската војска ја опиша руската акција како „масовен ракетен напад врз цивилната инфраструктура на голем број региони“.

Олександр Прокудин, регионалниот гувернер на Херсон, рече дека руски напад погодил станбена зграда, при што загинале две лица, а пет други се повредени.

Сергиј Попко, шефот на воената администрација на Киев, на Телеграм рече дека остатоци паднале врз главниот град на Украина откако противвоздушната одбрана соборила руски ракети.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека седум лица се повредени, а неколку згради оштетени.

Во североисточна Украина, регионалниот гувернер на Харков, Олех Синиехубов, рече дека најмалку шест руски напади го погодиле градот Харков и оштетиле цивилна инфраструктура.

Русија денес соопшти дека уништила 19 украински беспилотни летала над анектираниот полуостров Крим и блиското Црно Море.

Руското министерство за одбрана соопшти дека, исто така, соборило три украински беспилотни летала над регионите Курск, Белгород и Орлов во Русија.

Полска денес соопшти дека на Украина ќе ѝ испорачува само претходно договорени испораки на муниција и вооружување.

Изјавата на владиниот портпарол дојде еден ден откако полскиот премиер Матеуш Моравјецки објави крај на трансферот на оружје во Украина, бидејќи Полска работи да се вооружи „со најмодерното оружје“.

Помеѓу Полска и Украина имаше тензии откако Полска воведе привремена забрана за увоз на жито од Украина за да ги заштити полските земјоделци.

Дел од информациите се АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG