Линкови за пристапност

Десничарски екстремизам во Британија


Муслиманската заедница се плаши од инциденти слични на неодамнешниот напад пред лондонската џамија

По нападот пред лондонската џамија во паркот Финсбури, британската влада е под притисок да стори повеќе за спречување на насилство од десничарските екстремисти.

Едно лице загина, а најмалку 11 беа повредени кога 47-годишниот Дарен Озборн од Велс со комбе удри во толпа луѓе додека наводно извикувал „Сакам да ги убијам сите муслимани“. Тој бил извлечен од возилото и држен од присутните додека пристигнала полицијата.

Само два дена претходно, активистот Фијаз Мугол им се обратил на верниците во истата џамија, предупредувајќи од опасноста од ваквите напади. Тој за Гласот на Америка кажа дека властите не успеваат да ја препознаат опасноста.

Мугал ја основал организацијата Tell Mama, која ги следи и пријавува нападите врз муслиманите. На интернет страницата се наведени неодамнешни инциденти: физичко насилство, скршени прозорци, сланина оставена на автомобил и кеса со повраќаници фрлена на муслимански возач. На веб страницата стои дека анти-муслиманските напади се зголемиле петкратно по нападот во Манчестер минатиот месец.

Нападот пред лондонската џамија се случи на точно една година откако терорист со десничарско екстремистички погледи ја уби британската пратеничка Џо Кокс.

Според британските медиуми бројот на десничарски екстремисти кој се следат од владината Програма за превенција и борба против тероризмот се зголемил за 30 проценти.

Критичарите ги обвинуваат конзервативните медиуми и политичарите за поттикнување на тензии против муслиманските заедници.

Партијата на опозициската работничка партија повика на ревизија на Програмата за превенција, додека владата инсистира дека е целосно посветена на справување со сите форми на тероризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG