Линкови за пристапност

Британија се подготвува за крунисувањето на Чарлс Трети


За првпат во службата ќе бидат вклучени и жени бискупи, како и лидери од други вери.
За првпат во службата ќе бидат вклучени и жени бискупи, како и лидери од други вери.

Британија се подготвува за крунисувањето на кралот Чарлс Трети, закажано на 6 мај. Десетици светски лидери и шефови на држави се поканети на историскиот настан, а од церемонијата ќе има пренос во живо и се очекува да има милиони гледачи.

Сè ќе се случува во лондонската Вестминстерска опатија, каде беше и погребот на мајката на Чарлс, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември минатата година на 96-годишна возраст.

Бискупот Џастин Велби ќе ја води двочасовната служба за крунисувањето. После долго време од оваа вековна традиција, тој ќе ги праша оние кои присуствуваат на богослужбата и што гледаат на телевизија на глас да му се заложат на својата верност кон кралот Чарлс, со следните зборови: „Се колнам дека ќе му оддадам вистинска верност на вашето височество и на вашите наследници и наследници според законот. Затоа, помогни ми Боже“.

За првпат во службата ќе бидат вклучени и жени бискупи, како и лидери од други вери.

Британска помпа

Тоа ќе биде настан полн со извонредна помпа и раскош. Стотици илјади луѓе се очекува да се движат на патеката од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија. На оваа релација, кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Консорт Камила, ќе отпатуваат со кочија.

Чарлс ќе седи на столчето за крунисување, кое се користи во крунисувањето на британските монарси повеќе од 700 години.

Го опфаќа Каменот од Скон, древна церемонијална карпа, заробена од кралот Едвард I од Шкотите во 1296 година. Кралот ќе биде помазан со свето масло донесено од Ерусалим. Процесискиот крст вклучува фрагменти за кои се вели дека се од Вистинскиот крст на кој бил распнат Исус, даден од папата Фрањо.

Секој детаљ од церемонијата има историско и религиозно значење, вели за Гласот на Америка кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс.

„Крунисувањето датира повеќе од 1.000 години, уште од 973 година, кога кралот Едгар беше крунисан во градот Бат. Првото крунисување во Вестминстерската опатија за кое знаеме дека се случило било на Вилијам

По службата, Чарлс и Камила ќе се вратат назад во Бакингемската палата со златна кочија со осум коњи, која е напвена во 1762 година и се користи на секое крунисување од 1831 година.

Улични забави

Чарлс официјално стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 8 септември. Крунисувањето е исто така шанса за британската јавност да го прослави својот нов монарх. Низ целата држава се планирани улични забави во заедницата – иако дождливото време, друга британска традиција, се заканува да ги намали веселбите.

Тоа ќе го повтори крунисувањето на Елизабета пред 70 години, но ќе има важни разлики.

„Имаше 25-годишна кралица. Мислам овде – и ова е проблем со кралот Чарлс и кралицата Камила, тоа е нивната возраст“, рече Фицвилијамс.

Предизвици

Тоа не е единствениот предизвик за 74-годишниот крал. Една неодамнешна анкета покажа дека 58% од јавноста ја поддржува монархијата – но кај младите од 18 до 24 години нивото на поддршката е само 32%.

„Мислам дека тој ги сфаќа предизвиците што му претстојат во однос на монархијата - многу е важно да има некаква форма на прифаќање на врските на монархијата со трговијата со робови во изминатите години. Неговите еколошки акредитации се беспрекорни, мислам, тоа е многу, многу привлечно за помладата база“, рече Фицвилијамс.

Последиците од одвојувањето на принцот Хари и Меган од кралското семејство, поради расистички ставови, кои ги негираше палатата, продолжуваат да ја засенуваат монархијата. Хари треба сам да присуствува на крунисувањето и нема да има никаква улога во службата.

На братот на Чарлс, принцот Ендрју, му беа одземени сите кралски и воени титули поради случајот за сексуален напад. Некои гледаат опасност за монархијата.

„Големата закана за иднината на Домот на Виндзор не е толпите кои упаѓаат на портата. Тоа не е револуција. Станува ирелевантно. Кралицата секогаш велеше: ‘Треба да се види за да се верува.’ Тие треба да играат улога во националниот живот“, изјави за Асошиетед прес, Роберт Хардман, автор на Кралицата на нашите времиња: Животот на Елизабета Втора.

Кралското семејство се надева дека крунисувањето ќе даде можност за јавна прослава и за обновување на самата монархија. Но, исто така, ќе означи ново поглавје со нови предизвици - кралот Чарлс ќе мора да го одржи кралското семејство релевантно во 21. век.

XS
SM
MD
LG