Уапсени се уште две лица во врска со нападот во близина на Британскиот парламент од средата, соопшти лондонската полиција.
Раководителот на единицата за контра-тероризам, Марк Роули апсењата ќе опиша како „значајни“, иако не даде никакви детали. Тој додаде дека во моментов во притвор се девет лица, а еден е пуштен на слобода.
Властите го идентификуваа напаѓачот како Калид Масуд, Британец кој ја презел исламската вера и имал долго криминално досие за поседување на оружје и други обвиненија.
Роули побара од јавноста да сподели каква било информација за Масуд.
Одговорноста за нападот во кој животот го загубија шест, а повредени се 40-тина лица, ја презеде Исламската држава. Сепак, во соопштение на Интернет не се имплицира дека организацијата учествувала во планирањето и извршување на нападот.
Facebook Forum