Линкови за пристапност

Меј ја доби довербата, денес на средби во Брисел


Британската премиерка доби 200 од 317 гласови, што значи дека 37 проценти од конзервативните законодавци гласаа против неа

Британската премиерка Тереза Меј вчера ја доби довербата од нејзината Конзервативна партија, обезбедувајќи го на тој начин нејзиното лидерство за уште една година.

Меј доби 200 од 317 гласови, што значи дека 37 проценти од конзервативните законодавци гласаа против неа.

Таа денес се среќава со лидерите на Европската унија во Брисел да побара отстапки за договорот за Брегзит, кој се покажа непопуларен во Британија.

Државата се наоѓа во политички хаос уште од 2016-та година, кога гласачите на референдум одлучија да ја напуштат Европската унија.

И поддржувачите и противниците за излез на Британија од ЕУ излегоа на улиците во Лондон изминативе неколку дена, критикувајќи го договорот на Меј за Брегзит.

Поддржувачите ги критикуваат нејзините напори за одржување блиски врски со Блокот, велејќи дека направила многу отстапки, додека противниците бараат Британија да остане дел од ЕУ.

По добивањето доверба, Меј ги повика законодавците да работат заедно на Брегзит, нагласувајќи дека тој ќе ја врати контролата врз парите, границите и законите.

Опозициските лидери предупредија дека довербата за Меј нема да ги подобри шансите за одобрување на нејзиниот договор за напуштање на Европската унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG