Линкови за пристапност

Британскиот премиер бара одговори за терористичкиот напад


САД го осудија нападот и велат дека стојат со Британија во однос на ова бесмислено насилство.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во четврток имаше средба со неговите безбедносни советници за национална безбедност, еден ден откако на југот на Лондон, на улица среде бел ден во близина на касарна беше убиено лице што подоцна беше потврдено дека бил војник.

Медиумските извештаи велат дека има двајца осомничени за кои се верува дека се британски државјани од африканско потекло. Нема официјална потврда за нивната националност.

Камерон убиството го нарече „одвратно“ велејќи дека има силни индикации дека се работи за терористички инцидент. Тој раководеше со итна средба на тимот за национална безбедност по прекинувањето на посетата на Франција

Единицата за контратероризам на Скотланд Јард ја води истрагата.

Полицијата пукала и ги ранила напаѓачите кога биле уапсени и ставени под стража во болница.

Сведоци велат дека осомничените ја нападнале жртвата со касапски ножеви, оставајќи поток од крв на тротоарот.

Британската телевизија покажа видео од минувач на кое се гледа лице со сатар и нож и крвави раце. Тој кажа „вие, луѓе, никогаш нема да бидете безбедни“ и вети „око за око, заб за заб“.

Портпарол на Стејт департмент го осуди нападот, велејќи дека САД стојат со своите британски сојузници соочени со ова бесмислено насилство.
XS
SM
MD
LG