Британија денес гласа. Имиграцијата, суверенитетот, безбедноста и економската иднина - се прашањата на кои размислуваа гласачите, кога почнаа историскиот референдум, кој треба да покаже дали Британија ќе остане во Европската Унија.
За некои,одлуката е базирана на идеалот за мир, врз кој е формирана Европската унија.
„Првпат во стотици години, имавме мир во Европа повеќе од 50 години. Јас припаѓам на генерација, која не мораше да се бори во војна во Западна Европа, и мислам дека тоа е прекрасно нешто кое заслужува да се прослави“, рече еден од првите гласачи денес во Лондон.
Како што граѓаните почнаа да гласаат, анкетите на јавното мислење ги покажаа дека двете страни се во мртва трка.
Резултатите треба да бидат објавени утре. Излезеноста се очекува да биде на високо ниво, поради двомесечната кампања, фокусирана главно на имиграцијата, чијашто стапка е двојно зголемена од 2000-та. Аналитичарите предупредуваат дека независно од исходот, ќе има големи последици врз иднината на Британија.