Европските пазари нагло паднаа и се` упатува на ниско отворање на американските берзи во петок. Во Азија, сервисот за финансиски вести на Блумберг процени дека пазарите само во тој регион изгубиле 700 милијарди долари за време на петочната размена. Јапонските пазари паднале толку нагло што официјални лица ја запреле размената за кусо време за да ги смират. Токискиот индекс Никеи паднал за повеќе од 8 проценти и вредноста на јапонскиот јен паднала близу пет проценти спрема американскиот долар. Индексите на Хонг Конг и на Јужна Кореја во еден момент биле пониски за три проценти и повеќе.
Големите агенции за кредитен рејтинг велат дека „Брегзит“ ќе и` наштети на британската економија.
Раководителката на Меѓународниот монетарен фонд Кристина Лагард ги поттикна Велика Британија и Европа да работат заедно на „мазна транзиција“ кон нов економски однос.