Англискиот град Манчестер денес одбележува две години, откако бомбаш – самоубиец уби 23 лица, и рани 139 други на концерт на Ариана Гранде во арената Манчестер. Половина од повредените беа деца.
Претседателот на Градскиот совет на Манчестер Ричард Лис, изјави дека градот никогаш нема да го заборави ужасниот настан на 22. мај 2017-та година, но, и единството и љубовта што следеле потоа.
„Тие што беа убиени и нивните блиски, како и оние што преживеаја физички и психички последици, се наоѓаат во нашите срца“, рече Лис.
Преживеаните, како и семејствата на починатите, се` уште не можат да го надминат теророт, и велат дека поминатото време не прави разлика во нивната болка.
„Се чувствуваме заглавени во 2017-та година“, велат тие.
Експертите велат дека и покрај територијалниот пораз на Исламската држава, опасноста од радикалниот исламски тероризам и натаму останува.
Facebook Forum