Линкови за пристапност

САД и Британија ветуваат демократска Сирија


Беше изјавено на заедничката прес-конференција на британскиот премиер Дејвид Камерон со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа.

Претседателот Обама истакна дека Русија има „обврска да се обиде да го реши ова прашање“. Но, тој призна дека сомничавоста на Москва кон западните демократии, долго време по завршувањето на Студената војна, може да е пречка за руските лидери да најдат заеднички јазик со Западот против нивниот долгогодишен сојузник Сирија.

Камерон од своја страна рече дека светот има одговорност да стави крај на владеењето на режимот на Башар ал Асад. Тој додаде дека сириската историја се пишува со крвта на нејзините граѓани и како што рече, тоа се случува „пред наши очи“.
XS
SM
MD
LG