Линкови за пристапност

Британски законодавци: Руските „валкани пари“ и` штетат на државата


Лондонскиот финансиски центар, извоен заради наводната улога во перење на средствата од руска корупција

Во денеска објавениот извештај, Комисијата за надворешни работи на британскиот парламент, наведува дека владата ја занемарува улогата што ја има Финансискиот центар на Лондон во перење на средствата од руска корупција.

Во него се вели дека и покрај острата реторика околу нападот врз поранешниот руски шпион во Британија, Сергеј Скипал претходно годинава, сојузниците на претседателот Владимир Путин успеале со вообичаените активности во државата, што пак на Кремљ му помогнало да ја финансира својата агресивна надворешна политика.

Во документот стои и дека „користењето на Лондон како база за корумпираниот имот на поединци поврзани со Кремљ, сега има врска со поширока руска стратегија со импликации за националната безбедност на Обединетото Кралство“.

Неуспехот да реагира, покажува дека Велика Британија „не е сериозна во соочување со целиот спектар навредливи мерки на претседателот Путин“, се наведува во извештајот.

Во него особено се критикува една од најпрестижните британски адвокатски фирми – „Линклатерс“, а во врска со нејзината работа на договори со руски компании блиски до Путин, велејќи дека таа станала „толку испреплетена во корупцијата на Кремљ и неговите поддржувачи, што повеќе не е во можност ги исполнува стандардите што се очекуваат од една адвокатска фирма регулирана од Кралството.

Од „Линклатерс“ рекоа дека се „мошне изненадени и загрижени“ од критиките, отфрлајќи какви било наводи дека биле вклучени во коруптивни активности.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG