Линкови за пристапност

Кибернетска војна Британија-Русија


Британската разузнавачка агенција ја издвои Русија за нејзината високотехнолошка дестабилизација, и предупреди од големи ризици

Британија и западните држави се соочуваат со сериозни закани за безбедноста и политичките системи, како резултат на пропаганда и хакерски напади од непријателските држави, предупреди Британската разузнавачка агенција MI16.

Алекс Јангер, во неговиот прв јавен говор како директор на Тајната разузнавачка агенција, ја издвои Русија за нејзината високотехнолошка дестабилизација.

Тој предупреди дека „ризиците се големи и претставуваат фундаментална закана за нашиот суверенитет“.

Предупредувањето уследи по големиот пристисок врз американскиот претседател Барак Обама од демократите, за да открие повеќе информации за руските хакерски активности во текот на изборната кампања во САД.

Белата куќа не одговори на писмото потпишано минатата недела од демократите во Разузнавачката комисија во Сенатот, повикувајќи на декласификација на „дополнителни информации во врска со Руската влада и изборите во САД“.

Меѓу западните лидери расте стравот дека Руските разузнавачки служби ќе се насочат кон претстојните избори во Германија и во Франција.

Јангер вели дека сите, кои споделуваат демократски вредности, треба да бидат загрижени од вакви кибернетски напади.

Тој смета дека терористичката закана за Британија и Европа од милитантните групи, како Исламската држава, ќе продолжи се додека трае сириската војна.

Американски разузнавачки аналитичари велат дека набљудуваат стотици лажни вести и страници со дезинформации, што можат да водат трага до Русија – сите дел од поширок напор да се поткопаат западните демократии и ослабнатите партии.

Оваа недела, избраниот претседател на САД Доналд Трамп ги доведе во прашање тврдењата дека Русија се мешала во американските избори, преку кибернетска војна.

„Не веруваме дека е вмешана“, рече тој, но нагласи дека може да биде вклучена во листата на можни одговорни за хакерски напад на компјутерите на Демократската партија.

XS
SM
MD
LG