Линкови за пристапност

Се утврдува најновиот напад со нервен агенс во Британија


Британската комисија за вонредни состојби денеска се состанува околу најновит напад со нервен агенс во земјата, во кој посериозно се повредени две лица.

Британскиот главен офицер за контра-тероризам, изјави дека двојката била отруена од агенсот Новичок, истиот што се употребил во нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка во март.

Најновите жртви се идентификувани како Дон Стјурџес и Чарли Роули, и двајцата на околу 40-годишна возраст. Тие во саботата беа пронајдени во бесвесна состојба близу Салисбури, каде годинава се случи сличниот напад.

Истрагата за најновиот инцидент продолжува, а претходно, за случајот Скрипал, британската премиерка Тереза Меј ја обвини Русија. Оваа држава негираше каква било вмешаност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG