Линкови за пристапност

Руските дипломати кој беа протерани од Британија се вратија во Москва


За претседателот Путин изјавата дека Русија го извршила нападот, е чиста глупост

Руските дипломати се вратија во Москва, откако беа протерани од британските власти поради нападот со нервен агенс.

Тие вчера беа транспортирани директно од руската амбасада во Лондон до аеродромот Станстед.

Велика Британија им нареди на 23-цата дипломати да ја напуштат Британија, откако претходно ја обвинија Москва за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, претходно месецов.

Британски официјални лица изјавија дека рускиот шпион и неговата ќерка и натаму се во критична состојба, а полицаецот кој им помогнал се' уште е хоспитализиран и е во стабилна состојба.

За претседателот Владимир Путин изјавата дека Русија го извршила нападот, е чиста глупост.

Москва исто така се одмазди со протерување на 23-ца британски дипломати. Од нив се очекува да ја напуштат земјата во наредните денови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG