Линкови за пристапност

Прес асосиејшн: Идентификувани неколку Руси одговорни за труењето на Скрипл


Русија негираше каква била вклученост во нападот

Британската агенција Прес асосиејшн објави дека полицијата ги идентификувала лицата, кои стојат зад нападот врз поранешниот руски шпион и неговата ќерка, со смртноносен нервен агент разивен од Руската армија.

Агенцијата информира дека неколку Руси биле вклучени во труењето на Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија во март годинава.

Русија негираше каква била вклученост во нападот.

Се верува дека остатоците од нервниот агенс, кој бил искористен во обидот за убиство на Скриплс, се истите со кои е убиена Дон Стјурџес на почетокот на месецов во близина на Салисбури.

Истрагата за смртта на Стјурџес ќе биде отворена в четврток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG