Линкови за пристапност

Британците од оваа недела ќе може да се среќаваат со по едно лице надвор од нивниот дом


Владата на Борис Џонсон објави стратегија за обновување на државата, која меѓудругото содржи нови препораки за носење маски

Британија објави нови препораки за носење маски на јавно место, како дел од поголем план за постепено отворање на економијата.

Владата на Борис Џонсон денес објави документ на 50 страници, кој содржи стратегија за обновување на државата, и детално објаснување за граѓаните како сами да направат маски, и на кои места тие ќе мора да се носат задолжително.

Во документот е наведено дека од оваа недела, Британците ќе може и да се среќаваат со по едно лице надвор од нивниот дом, држејќи растојание од два метра.

Опозицијата реагираше дека ваквите препораки се збунувачки, и оти не се во согласност со мерките за социјално дистанцирање и плановите за отворање на државата.

Новиот водич не содржи ниту конкретни детали за тоа како работодавците ќе треба да ги заштитат нивните вработени.

Согласно податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, преку 32,000 Британци досега починале од коронавирус.

Борис Џонсон беше првиот лидер во светот кој беше тестиран позитивен на кронавирус, а се врати на работа на крајот на април, по недели поминат третман.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG