Линкови за пристапност

Британија ќе остане затворена уште најмалку еден месец


Џонсон в недела се очекува да ги соопшти планираните промени во рестрикциите, кои тој е подготвен да ги дозволи пред крајот на мај

Премиерот Борис Џонсон ќе ја држи Британија затворена уште најмалку еден месец, што предизвика реакции кај дел од членовите на неговиот Кабинет, кои инсистираат да се стави приоритет на економијата, која се движи кон најлоша рецесија за период од 300 години.

Тие, заедно со некои конзервативци, бараат Џонсон да утврди барем временска агенда за олеснување на рестрикциите, со конкретни датуми за различни фази при нивно намалување.

„Мислам дека ќе коегзистираме со овој вирус многу месеци, потенцијално и години. Но, ние мора да најдеме начин да одиме напред, а тоа значи олеснување на мерките колку што е можно“, вели поранешниот министер за финансии Саџид Џавид.

Џонсон в недела се очекува да ги соопшти планираните промени во рестрикциите како резултат на коронавирусот, кои тој е подготвен да ги дозволи пред крајот на мај.

Неговиот Кабинет соопшти дека тој ќе се однесува со максимална внимателност, со само мали промени пред јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG