Повеќе од 856.000 луѓе во Британија побарале бенефиции поради невработеност минатиот месец, како резултат на пандемијата, која ги затвори бизнисите, а луѓето останаа без работа.
Британија соопшти дека ваквиот број на барања за помош е највисок од 1996 година, односно 2,1 милиони луѓе. Властите велат дека оваа бројка ги опфаќа пресметките за само првите недели по затворање на државата, и е највисока во изминативе речиси 25 години.
Економистите велат дека ситуацијата со невработеноста во Британија ќе била уште полоша, ако Владата не ја вовела програмата за зачувување на работните места.
Стапката на невработеност во Британија изнесува 3,9 проценти во април, последен месец за кој се достапни статистички податоци.
Економистите очекуваат дека таа ќе достигне 10 проценти наесен.
Стапка на невработеност од 10 проценти, сепак, би била многу пониска од стапката на невработеност во САД, која минатиот месец се искачи до 14,7 проценти, а се очекува да се зголемува упте повеќе во наредните месеци.
Facebook Forum