Линкови за пристапност

Запленет ирански танкер кој превезувал нафта за Сирија


Танкерот „Грејс 1“ бил пресретнат во водите на Средоземното Море на четири километри од Гибралтар

Полицијата на британската територија на Гибралтар заплени ирански танкер за нафта осомничен за пренос на сурова нафта во Сирија, кршејќи ги санкциите на Европската унија.

Соединетите Американски Држави веднаш не излегоа со потврда, но советникот за национална безбедност, Џон Болтон, рече дека САД и сојузниците ќе продолжат да ги спречуваат Сирија и Иран да „профитираат од оваа нелегална трговија“.

Властите на Гибралтар, потпомогнати од британската кралска морнарица, го пресретнале танкерот „Грејс 1“ во водите на Средоземното Море на четири километри од Гибралтар.

Иран го повика британскиот амбасадор во Техеран за да поднесе „приговор за незаконско и неприфатливо одземање“ на неговиот имот.

Иран ја поддржува борбата на сирискиот претседател Башар ал-Асад против бунтовничките сили кои се обидуваат да го соборат.

Европската унија и САД имаат санкции против Сирија. Претседателот Доналд Трамп изрече санкции за иранскиот извоз на нафта минатата година, кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година со Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG