Линкови за пристапност

Британија го исклучува Хуавеј од 5Г мрежата


Лондон очекува реакција од Кина по одлуката веќе инсталираните компоненти на Хуавеј во Британија да мора да биде отстранета од мрежата до 2027 година

Британските власти се подготвуваат за жестока реакција на кинеската влада и евентуална одмазда поради одлуката на Велика Британија да го блокира кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ да игра каква било улога во развојот на на следната генерација на 5Г мрежата на Велика Британија.

Министерот за култура на Велика Британија, Оливер Дауден, го извести Долниот дом за одлуката Хуавеј да биде исклучен од мрежата, нагласувајќи дека која било од веќе инсталираните компоненти на компанијата ќе мора да биде отстранета од мрежата до 2027 година.

Ваквиот пресврт предизвикува стравување на Даунинг стрит дека Велика Британија може да стане мета на можен кибернетски напад поддржан од Кина, сличен на оној што ја погоди Австралија минатиот месец, во услови на зголемени тензии меѓу Канбера и Пекинг.

Кинеските власти, вклучително и кинескиот амбасадор во Лондон, во последниве месеци праќаа предупредувачки сигнали, заканувајќи се со сериозни последици доколку Хуавеј биде исклучена од учество во развојот на 5G мрежата на Велика Британија.

Денешната најава, аналитичарите и дипломатите ја оценуваат како голема победа за администрацијата на Трамп, која заедно со другите западни сојузници, лобираше повеќе од една година со цел блокирање на Хуавеј од безжичната мрежа 5G на Велика Британија од безбедносни причини.

Во јануари британскиот премиер Борис Џонсон одлучи да му овозможи на Хуавеј улога во развојот на брзата мрежа, ограничувајќи го учеството на компанијата на само 35%. Но, американските официјални претставници - како и нивните австралиски колеги - продолжија да лобираат во Лондон за целосно да го блокираат Хуавеј.

Американските власти велат дека постои значителен ризик компанијата, која има блиски врски со кинеските разузнавачки служби и е основана од поранешен офицер на кинеската армија, да дејствува како тројански коњ за агенциите за шпионажа во Пекинг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG