Во 2012-та година Британците уживаа во спектакуларното отворање на Олимпијадата во Лондон, славејќи ја својата историја. Една од најпопуларните секвенци на церемонијата, што предизвика голем аплауз и гордост за нацијата, инволвираше 1.800 танчери и 320 болнички кревети во чест на Националните здравствени служби.
Шест години подоцна, ситуацијата е драматично променета, и тоа на лошо.
Според пациентите, лекарите и аналитичарите, националното здравство е на работ на колапс. Одделите за итна помош се претрпани, болничките одделенија полни и сиот персонал што не е најнеопходен суспендиран - над 55.000.
Делумно, резултат на невообичаено студеното време, особено лесно-преносливиот вирус на грип и намалувањата на социјалните грижи, резултираа болничките кревети да бидат полни со стари лица кои немаат каде да одат.
Британската премиерка Тереза Меј се извини за суспендирање на не толку итните операции и поради тоа што некои оддели за итна помош морале да одбиваат повици, освен за најтешко болните. Таа сепак инсистираше дека не се работи за криза и дека владата има контрола врз ситуацијата.
Во интервју за ББЦ, Меј рече дека за здравството се алоцирани 450 милиони долари дополнителни средства, но министерот за здравство Џереми Хант, сугерираше дека многу повеќе пари се потребни за да се обнови петиот најголем работодавец во светот и кажа дека би било многу подобро ако финансирањето е на 10-годишен период.
Преку 90 законодавци потпишаа писмо, со кое бараат меѓупартиска конвенција на која ќе се дискутира како здравствениот систем ќе се финансира за да одговори на популацијата која старее, но која живее подолго.
Центарот за политички студии, во неделата предупреди дека парите од даноците нема да бидат доволни да се одговори на потребите на ова население и дека се потребни алтернативни извори на приход.
Британскиот здравствен систем заостанува зад многу други европски системи. Освен тоа, Британија има најмногу млади возрасни лица со проблеми со прекумерна тежина во Европа. 29 проценти на жени под 25- годишна возраст се предебели. Регистриран е пораст на вишокот килограми, депресијата и деменцијата.
Facebook Forum