Линкови за пристапност

Британските жени со азиско потекло злоупотребувани за виза


Британската влада започна истрага во врска со тврдењата дека официјалните лица не успеале добро да ги проверат барањата за виза од странски мажи, чии муслимански сопруги, родени во Британија, биле присилени од нивните семејства да се венчаат во странство.

Поборниците велат дека дури и кога жените, многу од нив тинејџерки, им се спротивставиле на нивните брачни другари да им се издадат визи за да им се придружат во Велика Британија, службениците премногу често ја игнорирале нивната желба.

Истрагата на весникот „Тајмс“, во која се наведуваат случаи во кои британските официјални лица ја зголемиле виктимизацијата и злоупотребата на жените присилени да стапат во брак, го поттикна министерот за внатрешни работи Саид Џавид да започне истрага, велејќи дека присилниот брак е „несфатлива, нехумана, нецивилизирана пракса за каква во Британија нема место“.

Бројките објавени во „Тајмс“, покажуваат дека минатата година британското Министерство за внатрешни работи добило 175 истраги од брачните другари или од трети лица кои се обидуваат да ги блокираат визите. Тие вклучуваат директни жалби од жени или приговори од други кои стравувале дека браковите биле принудни.

Визи биле издадени во 42 од случаите, додека уште 10 се во очекување на конечна одлука.

Многу непријавени случаи

Добротворните организации велат дека ваквите случаи каде илјадници жени, главно од јужноазиско потекло, се принудени на бракови кои често стануваат многу навредливи, вклучувајќи силување и семејно насилство. Единицата за присилни бракови, дел од Министерството за надворешни работи во Британија, примила извештаи за речиси 2.000 можни случаи, кога жените минатата година биле принудени да стапат во брак во странство.

Законите беа воведени во Англија и Велс во 2014-та година, со што ваквите бракови се квалификуваа како криминална постапка. Но, активистите велат дека некои службеници за имиграција „се прават слепи“.

Пратеничката Зас Шах од градот Бродфорд од Јоркшир, рече дека законите треба да се изменат за да се олесни маката на британските жени со азиско потекло кои се обидуваат да ги спречат насилните брачни другари да не добијат виза. Во Брадфорд е третото најголемо британско население со азиско потекло во земјата.

Шах и добротворните организации велат дека меѓу потребните законски кои треба да бидат изменети, е да се отстрани условот за службените лица да го известат странскиот брачен другар ако неговата сопруга, не ја одобри апликацијата за виза. Таа информација може да доведе до понатамошна злоупотреба од страна на семејствата на жени кои се обидуваат да го блокираат издавањето на виза.


Постигнат е одреден напредок

Гери Кемпбел, поранешен детектив од Скотланд Јард и директор на Проектот Шаран, добротворна организација која им помага на жени, особено на оние со јужноазиско потекло, на Твитер објави дека владата направила „одлична работа за справување со присилниот брак во текот на годините. Таа, сепак, мора да биде непоколеблива и со другите форми на насилство врз жените и девојките“.

Минатиот месец, Јоркширскиот суд осуди неколкумина на осум години затвор за присилување на нивната ќерка да се ожени. Во 2016-та година, на 18-годишна девојка и било кажано дека мора да се омажи за постар братучед во Пакистан. Кога одбила, била нападната, а нејзиниот татко ѝ се заканил дека ќе ја убие.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG