Велика Британија го крена нивото на закана од тероризам од значителен на силен по вчерашната експлозија во такси пред болница Ливерпул, објави министерката за внатрешни работи Прити Пател. Ова ниво значи дека терористички напад е „многу веројатен“.
Премиерот Борис Џонсон, исто така, имаше итен состанок како одговор на инцидентот. Според властите, патникот во таксито носел импровизирана експлозивна направа и побарал да го однесат во женската болница во Ливерпул, но, оти мотивот или што ја предизвикало направата да експлодира не е јасно.
Патникот загинал во експлозијата, а полицијата соопшти дека верува дека го знае неговиот идентитет.
По експлозијата, полицијата уапси уште четворица мажи во врска со истрагата. Во експлозијата е повреден таксистот, кој добил медицинска помош, но е пуштен.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс
Facebook Forum