Линкови за пристапност

Европскиот парламент го одобри договорот за Брегзит


Членството на Велика Британија во ЕУ официјално ќе престане во петок на полноќ

Европската унија во средата го даде своето конечно одобрение Велика Британија да го напушти блокот по речиси половина век членство.

Европскиот Парламент гласаше со 621 наспрема 49 гласови за договорот за Брегзит, кој минатата година беше предмет на преговори на двете страни и кој што британскиот парламент го одобри минатата недела.

Членството на Велика Британија во ЕУ официјално ќе престане во петок на полноќ.

Потоа ќе следи преоден период во кој, во текот на остатокот од годината, ќе има нови преговори за различни аспекти на новите односи меѓу двете страни.

Клучен дел од тие разговори ќе биде трговскиот договор, кој Велика Британија соопшти дека сака да го постигне пред крајот на 2020 година.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во средата изјави дека ЕУ е отворена за договор за слободна трговија без царини и квоти, но само ако европските бизниси и британските компании „се натпреваруваат под рамноправни услови“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG