Линкови за пристапност

Премиерката Меј бара одложување на Брегзит


Неизвесен одговорот од Брисел

Британската премиера Тереза Меј ќе се обиде да ги убеди лидерите од ЕУ денеска во Брисел да одобрат тримесечно одложување на периодот кога треба да се случи Брегзит.

Другите 27 членки на ЕУ мора да одобрат било какво одложувањето на Брегзит на првично утврдениот датум од 29-ти март. Гласањето, најверојатно нема да се случи до следната недела.

Пред Меј да патува за Брисел, упати писмо со такво барање до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Но, Туск возврати дека кусото одложување на Брегзит може да се случи само ако британскиот Парламент гласа за договорот за разделување што го постигнаа британските и преговарачите од ЕУ по две годишни разговори.

Премиерката Меј синоќа ги предупреди законодавците во Лондон дека имаат избор да гласаат и да го поддржат нејзиниот план, или Британија да направи Брегзит без договор со кој се утврдуваат прописите за разделување со ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG