Линкови за пристапност

Британија гласа на предвремени избори


Резултатите од гласањето се` очекува да бидат познати утре изутрина

Гласачите во Велика Британија денес гласаат за избор на членови на Долниот дом на парламентот. Предвремените избори кои премиерката Тереза Меј ги распиша во април се барање за зацврстување на нејзината поддршка пред преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.

Резултатите од гласањето за 650 места се очекува да бидат познати рано изутрина.

Кога Меј ги закажа изборите, Конзервативната партија на која таа и припаѓа имаше големо водството во анкетите.

Оваа поддршка во изминатите неколку месеци исчезна, но анкетите пред гласањето се` уште покажуваат дека нејзината партија води пред главната опозициона Лабуристичка партија.

По нападите во Лондон и Манчестер во кој загинаа 30 лица, прашањето за безбедноста доминираше пред гласањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG