Линкови за пристапност

Победи Конзервативната партија на Дејвид Камерон


Премиерот на Британија најави формирање на нова влада.

Британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека ќе формира нова влада откако неговата Конзервативна партија осигура мнозинство на парламентарните избори.

Камерон ќе биде на функцијата и наредните пет години, а неговата партија ќе има преку 326 од вкупно 650-те места во Парламентот. Главниот ривал, Лабуристичката партија, освои 25 места.

Во изјавата по средбата со кралицата Елизабета, британскиот премиер вети дека ќе биде предводник на партија на „една нација, едно обединето кралство. Воедно подвлече дека ќе дозволи распишување на референдум за тоа дали Британија ќе остане дел од трговскиот блок на 28-те земји-членки на ЕУ. Според медиумските извештаи, референдумот можно е да се одржи во рок од две години.

XS
SM
MD
LG