Линкови за пристапност

Тереза Меј го претстави новиот кабинет


Реорганизацијата се случува и покрај повиците во сопствената Конзервативна партија, таа да поднесе оставка на функцијата

Актуелната премиерка на Велика Британија Тереза Меј, го претстави својот нов кабинет, чија цел е фокусирање на социјалните прашања и „исполнување на успешен Брегзит“.

Реорганизацијата, официјално претставена во неделата, се случува и покрај повиците во сопствената Конзервативна партија, таа да поднесе оставка, откако свика предвремени избори на кои партијата го загуби парламентарното мнозинство.

Конзервативците минатиот четврток, освоија 318 места во Долниот дом, осум помалку за одржување на мнозинството, додека главната опозициска Лабуристичка партија заврши со 262 места.

За се формира влада, Меј бара договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која освои 10 пратенички места.

Договорот треба да стапи на сила на 19-ти јуни, кога кралицата Елизабета треба да одржи говор во кој ќе ја претстави владината програма.

Преговорите со Европската Унија за Брегзит треба да започнат за помалку од 10 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG