Во пресрет на изборите во Велика Британија во закажани за 12 декември Брегзит и натаму е во фокусот на вниманието. Токму на оваа тема се судрија британскиот премиер Борис Џонсон и опозицискиот лидер, Претседателот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, во првата телевизиска дебата во вторникот.
Џонсон вети дека ќе стави крај на она што тој го нарече „оваа национална мизерија“ на Брегзит, додека Корбин вети уште еден референдум. Но, многу гласачи не се импресионирани од кој било од двајцата лидери.
Политичарите на Велика Британија и нејзиниот народ се жестоко поделени околу Брегзит - и тоа доминира во кампањата. Борис Џонсон рече дека конзервативната влада ќе ја напушти Европската унија во јануари - и трговскиот договор со ЕУ ќе биде лесен.
„Затоа што веќе се усогласуваме, како за тарифите, така и за квотите“, рече Џонсон.
Џереми Корбин инсистираше на тоа дека неговата политика е јасна: да се преговара за подобар договор за Брегзит.
„Три месеци да се преговара, шест месеци за референдум и тој процес ќе заврши. Тоа што го знаеме за предлозите на владата, тоа што го знаеме за она што го направи господинот Џонсон, е серија тајни состаноци со Соединетите држави на кои тие предлагаа да ги отворат нашите пазари за како што ги нарекуваат американски компании“, рече Корбин.
Џонсон инсистира на тоа дека Националната здравствена служба на Велика Британија нема да се најде на маса во било кој американски трговски договор.
Анкетите за гледаноста на дебатата покажуваат дека голем дел од јавноста не е импресиониран.
„Не мислам дека некој победи во дебатата“, вели Џејмс Дејвис, гласач од Велика Британија.
Помалите опозициски партии се гневни поради нивното исклучување од дебатата.
Лидерот на Шкотска го обнови повикот на неговата партија за независност. „Навистина е важно за Шкотска нашата иднина да ја земеме во свои раце“, вели шкотската прва министерка, Никола Стругеон.
Во дебатата и двајцата водачи ветија зголемување на трошењето за здравство, образование и справување со климатските промени. Сепак, аналитичарите оценуваат велат дека во следниот парламент ќе доминира Брегзит.
„Ако ја напуштиме ЕУ на 31 јануари, тогаш ќе имаме уште неколку години неизвесност додека преговараме за идниот трговски договор со ЕУ“, вели Иан Бонд, од Центарот за европски реформи.
Предизборната кампања има за цел да стави крај на политичкиот хаос на Велика Британија. Сепак, било кој од овие луѓе да биде следниот премиер - неговото време на функција сè уште ќе го дефинира Брегзит.
Facebook Forum