Британскиот премиер Борис Џонсон, кој минатата недела беше позитивно тестиран на коронавирус, останува во болница, откако беше примен за дополнително тестирање поради постојана висока температура.
Неговата канцеларија соопшти дека ваквиот потег е „претпазливост“ и рече дека Џонсон останува надлежен за владата.
Велика Британија е едно од најновите жаришта на пандемијата, со повеќе од 600 смртни случаи во неделата.
Во другите делови на Европа се регистрира одредено подобрување по неколкунеделните катастрофални последици од пандемијата што ги натераа владите да ги стават жителите во социјална изолација за да се обидат да го забават нејзиното ширење.
Италија, која има најмногу смртни случаи, објави намален раст на бројот на случаи, додека Шпанија регистрираше помала дневна смртност.
Facebook Forum