ВАШИНГТОН —
Познатиот готвач Џејми Оливер затвори 22 од 25 ресторани, при што 1.000 луѓе останаа без работа.
Тој напиша на Твитер дека е потресен поради банкротирање на „саканите ресторани во Обединетото Кралство“, и им се заблагодари на луѓето кои се вложиле целосно во овој бизнис низ годините.
Рестораните почнаа да губат приход во 2016 година, поради што тој вложи милиони долари негови пари за да го спаси бизнисот.
Оливер стекна слава со познатата емисија „Голиот готвач“ која се прикажуваше во десетици држави, откако беше премиерно емитувана во Британија пред околу дваесет години.
Телевизискиот успех беше проследен со бројни книги за готвење.
Facebook Forum