Линкови за пристапност

Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се обиде да добие поголема поддршка за неговиот план за напуштање на Европската унија, еден ден откако претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу, го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.

Британските законодавци не успеаја да го поддржат планот на Џонсон во саботата.

Џонсон планира да ја претстави клучната мерка на владата за Брегзит преку поголема дебата. Но, противниците на Брегзит велат дека ќе се обидат да го нарушат планот на Џонсон со амандмани кои приврзаниците на Брекзит ги сметаат за неприфатливи.

Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG