Линкови за пристапност

Британија пред уставна криза


Британија е исправена пред исходот од клучното гласање во Долниот дом за спорниот договор за повлекување од Брегзит

Велика Британија веројатно е пред уставна криза, со оглед на тоа што група пратеници застанаа против британската премиерка Тереза Меј, настојувајќи да ја преземат контролата врз преговорите за Брегзит.

Тие сакаат да ѝ ја намалат моќта на владата да ги контролираа законодавните активности во парламентот. Со тоа сакаат да ги зголемат шансите пратениците да можат да поднесуваат предлози за да ја спречат Британија да ја напушти Европската унија без договор, па дури и да понудат легислатива за втор референдум за Британското членство во ЕУ, што може да доведе до тоа земјата воопшто да не ја напушти унијата.

Во пресрет на клучното гласање во Долниот дом за спорниот договор за повлекување од Брегзит, кој е резултат на двегодишните преговори со Брисел, Мај предупреди дека ако не се изгласа нејзиниот нацрт-договор со ЕУ, најверојатен исход ќе биде Британија да остане членка на ЕУ.

Според неодамнешните анкети, мнозинството Британци сега сакаат втор референдум.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG