Линкови за пристапност

Брегзит почнува да станува интересен...


„Акo Рубик измисли уште една коцка, треба да ја нарече Брегзит, но нема гаранција дека некој ќе може да ја реши загатката“, велат експерти

„Брегзит всушност станува интересен“.

Ова е став на карикатурист во британскиот весник „Дејли телеграф“. Изминативе неколку месеци, британската политика беше преплавена со прашања и препирки за тоа како, кога и под кои услови Велика Британија ќе излезе од Европската Унија, и каков однос ќе има со својот најголем трговски партнер?

Досега британските владејачки конзервативци, коишто ја држат власта благодарение на парламентарната поддршка на ексентричната партија на Северна Ирска, немаат јасни одлуки.

Во војна со самите себе околу „Брегзитот“, се чини дека конзервативците се повеќе фокусирани на меѓусебните несогласувања, отколку на вистински преговори со официјални претставници на ЕУ. Унијата е се` пофрустрирана, бидејќи британската неодлучност се продлабочи, особено заради тоа што Лондон, по Брегзит, побара слободен и непрекинат пристап до Европа за британските производи и таканаречените права за пасоши, коишто на компаниите им овозможуваат да имаат деловни врски во други земји од евро-зоната.

Следната недела, британскиот Долен дом ќе расправа по клучните закони за повлекување од Унијата. Пратениците ќе гласаат и за амандманите усвоени од Горниот дом што се однесуваат на поголема поврзаност на Велика Британија кон ЕУ. Владата се соочува со бунт од преку десет проевропски конзервативни законодавци кои, заедно со опозициските партии, најверојатно ќе нанесат серија парламентарни порази кои, пак, можно е да појаснат како Британија ќе излезе од европското семејство. Сево ова може дополнително да го искомплицира ова прашање и да креира сомнеж за тоа дали Британија воопшто ќе се оддели.

Од друга страна, постојат сомневања дека премиерката Тереза Меј води политика на маневри со таканаречено членство на задна врата. Таа го одложи објавувањето на официјалниот документ (White Paper), каде се наведени владните предлози за Брегзитот, делумно поради стравувања дека тоа ќе испровоцира партиски превирања.

Сојузниците велат дека британскиот министер за Брегзит ја разгледува можноста да поднесе оставка околу планот на Меј, Велика Британија да остане во царинската зона на ЕУ, додека не се постигне договор за границата, овозможувајќи „непречена трговија“ помеѓу двете половини на ирскиот остров. Претставниците со тврди ставови за Брегзит, истовремено се плашат дека ова може да се пролонгира на неодредено време, разгорувајќи ги односите на Британија со ЕУ.

Во моментов, кабинетот на Меј е длабоко поделен околу прашањето.

Во меѓувреме, се чини дека преговорите во владините редови, и со ЕУ, се во ќорсокак. Внатрешните несогласувања ќе почнат, а потоа ќе се повлечат заради стравувања од пад на власта, поттик за предвремени општи избори, на кои би победила опозиционата Лабуристичка партија.

„Стана хаос", признава конзервативен британски претставник. Тој за Гласот на Америка изјави: „Ако Рубик измисли друга коцка, треба да ja нарече Брегзит; но не сум сигурен дека некој ќе може да ја реши загатката“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG