Линкови за пристапност

Кралицата Елизабета го одобри законот со кој се спречува Брегзит без договор


Премиерот бара предвремени избори на 15 октомври, но Долниот дом на парламентот настојува да ја отфрли идејата

Кралицата на Велика Британија, Елизабета, го одобри законот со кој се спречува премиерот Борис Џонсон да спроведе Брегзит без договор - неговиот план да ја извади земјата од Европската унија на 31 октомври без да ги прецизира условите за тоа.

Нејзиниот потег, познат како Кралска согласност, следеше откако парламентот минатата недела гласаше против обидите на Џонсон да ја спроведе својата намера Велика Британија да излезе од ЕУ со или без договор со Брисел.

Нејзиниот потег, познат како Кралска согласност, следеше откако парламентот минатата недела гласаше против обидите на Џонсон да ја спроведе својата намера Велика Британија да излезе од ЕУ со или без договор со Брисел.


Пред Џонсон да ја преземе должноста во јули, парламентот трипати ги отфрли плановите на поранешната премиерка Тереза Меј за Брегзит. Пратениците во Долниот дом, сепак, не можеа да постигнат договор за трговијата меѓу Британија и ЕУ, откако земјата ќе го напушти блокот со 28 држави и околу тоа како да се постапи во однос на прекуграничниот премин помеѓу британската Северна Ирска и членката на ЕУ, Ирска.

Џонсон повикува на предвремени избори на 15 октомври, во обид да добие парламентарно мнозинство во корист на неговите планови за Брегзит пред лидерскиот самит на ЕУ неколку денови подоцна, при што може да бидат поставени конечните услови за заминување на Велика Британија од ЕУ.

Но, се очекува законодавците да го отфрлат повикот на Џонсон за избори.

Со таков очекуван исход, Џонсон вели дека парламентот ќе биде суспендиран пет недели, сè до годишното обраќање на кралицата пред парламентот, во кое таа ќе ги претстави законодавните планови на владата за наредната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG