Линкови за пристапност

Туск бара Британија да донесе план за излез од ЕУ до наредниот април


Лидерите на Европската Унија треба да го одобрат продолжувањето на рокот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск бара Британија до наредниот април да донесе изводлив план за напуштање на Европската Унија.

Лидерите на ЕУ треба да го одобрат продолжувањето на рокот, што и` дава на Британија опција за излегување од групата порано, ако Парламентот одобри план за напупштање.

Премиерката Тереза Меј се очекува да му испрати формално барање на Туск за да побара уште едно продолжување на рокот до 30 јуни.

Првично Британија требаше да излезе од европскиот блок до 29 март, но, Меј доби одобрување од ЕУ за кратко пролонгирање, со цел Владата да има време да најде решение што ќе го поддржи Парламентот.

Одложувањето значи дека Британија се подготвува да гласа за нејзините претставници во Европскиот парламент на 23 мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG