Линкови за пристапност

Британија и Унијата на крстопат околу Брегзит


Британски парламентарци бараат нови преговори за Брегзит; ЕУ смета нема потреба

Британски и преговарачи од ЕУ изразија различни погледи за начинот на излез на земјата од ЕУ, откако британските законодавци и` дадоа на премиерката Тереза Меј, како што таа го означи „мандат“, да направи промени во договорот за Брегзит.

Серија гласања во британскиот Парламент резултираа со тоа партијата на Меј да добие одобрување на планот да бара „алтернативни дополнувања“ за ирскиот граничен царински договор во Спогодбата за Брегзит.

Но, од страна на ЕУ, главниот преговарач на Унијата Мајкл Барниер рече дека позицијата на Брисел е јасна.

„Институциите на ЕУ се обединети и заедно стоиме зад Спогодбата што веќе ја испреговаравме со Велика Британија“, истакна Барниер во Брисел.

Тој најави дека претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе се обрати за прашањето подоцна во текот на денот.

Британскиот парламент го отфрли планот на Меј за Брегзит пред две недели, првенствено поради граничен царински договор со Ирска, кој останува да важи се` додека Британија и ЕУ не испреговараат нов трговски договор, пост-Брегзит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG