Линкови за пристапност

39 тела откриени во камион во Велика Британија


Тела на 39 лица се откриени во контејнер донесен со камион во Велика Британија.

Британската полиција соопшти дека камионот бил откриен во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, кој се наоѓа на околу 32 километри источно од Лондон. Во контејнерот имало тела на 38 возрасни лица и еден тинејџер.

Инспекторите веруваат дека камионот пристигнал од Бугарија и минатиот викенд влегол во Велика Британија во градот Хилхед во Велс. 25-годишен маж од Северна Ирска идентификуван како возач на камионот е уапсен под сомнение за убиство.

Премиерот Борис Џонсон изјави дека е „згрозен од овој трагичен инцидент“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG