Линкови за пристапност

Во Либија уапсени братот и таткото на наводниот напаѓач во Британија


Помладиот брат и таткото на наводниот бомбаш-самоубиец во Манчестер, биле уапсен во Триполи, изјави портпаролот на британската анти-терористичка единица Ахмед бин Салам. Тој го откри и името на братот на напаѓачот Салман Абеди, велејќи дека се вика Хашим.

Бин Салам за Ројтерс изјавил и дека двајцата браќа неодамна биле во контакт и дека Хашим знаел за плановите за нападот во Британија.

„Имаме докази дека тој и брат му се поврзани со Исламската држава. Го следиме повеќе од еден месец“, кажа Бин Салам.

Наводниот напаѓач е роден во Британија, а родителите се од Либија.

Британската полиција соопшти дека е „јасно“ дека бомбашот-самоубиец не делувал на своја рака.

Претходно полицијата кажа дека уапсила уште три лица во врска со нападот во Манчестер.

Во моментов нема информации за тоа како овие лица, или лицето уапсено во вторникот, кое само беше идентификувано како 23-годишен човек, можно е да бидат поврзани со нападот.

Министерката за внатрешни работи Амбер Руд, изјави денеска бомбашот-самоубиец, идентификуван како 22-годишен Салман Абеди, им бил „познат“ на британските разузнавачки служби пред да се случи овој напад.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG